Украинската страна по официјални канали се обрати до Русија со молба да не се дислоцираат силите на Црноморската флота на Русија, пренесува „Интерфакс“.
„Ние по официјални канали ѝ пренесовме на руската страна да се воздржи од дислоцирање на силите на Црноморската флота на Русија“, извести амбасадорот на Украина во НАТО, Игор Долгов.
Одговарајќи на прашањето кој имено ја зазел зградата на парламентот во Симферопол, Долгов извести дека „вооружени луѓе се претставиле како активисти на рускојазичната заедница на Крим“.
Притоа, тој забележа дека кримскиот парламент ја продолжува својата работа, во чии рамки се разговара и за прашањето за референдум во однос на проширувањето на правата и автономијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче