На руските олимпијци со медали од Сочи им дадоа клучеви од нови џипови

Доделени се вкупно 44 автомобили.

На сите руски олимпијци кои освоија медали за време на ЗОИ 2014 им беа врачени вчера клучеви од џипови Мерцедес-Бенц за време на официјалната церемонија која се одржа во Кремљ. На церемонијата присуствуваше премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, пренесува ИТАР-ТАСС.

Освојувачите на медали станаа сопственици на бели џипови од моделот GL (за злато), ML (за сребро) и GLK (за бронза). Подароците се финансирани од Фондот за поддршка на олимпијци. На секој автомобил се наоѓаат симболи на Русија и на фондот.

Доделени се вкупно 44 автомобили.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња