Максималната температура за крајот на зимата ги надминува сите рекорди во Владивосток. Живата во термометрите во Владивосток на 26 февруари се подигнала 5,5 степени, што е за 0,8 степени повеќе од рекордот поставен пред 130 години.
Регионот се наоѓа под влијанието на циклон кој носи сув воздух од централна Кина. Не е исклучено дека во наредните денови ќе биде поставен уште еден рекорд: синоптичарите прогнозираат дека воздухот може да се загрее до плус 16 степени.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.