Украина ќе го потпише договорот за асоцијација до ЕУ

Новото раководство на Украина ќе го потпише договорот за асоцијација со ЕУ. Ова го соопштува „Нов регион“, пренесувајќи ги зборовите на Григориј Немирја, шеф на комитетот во Врховната Рада за прашања за европската интеграција.

Според зборовите на пратеникот, соодветните документи ќе бидат потпишани од претседателот Александар Турчинов пред да се одржат претседателските избори во Украина (25 мај 2014).

„На 12-13 март ќе се одржи средба на ниво на ЕУ и Русија за ова прашање. Европските експерти веќе подготвија одговор за руските колеги за сите стравувања околу приклучувањето на Украина кон договорот за асоцијација. Ние сме уверени дека Украина ќе го потпише договорот пред претседателските избори, доколку бидат исполнети сите технички услови“, изјави Немирја. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња