Шојгу: Русија преговара за отворање воени бази во неколку земји

Русија планира да отвори поголем број воени бази во странство, и поради тоа преговара со неколку земји, на пример, со Виетнам, Куба, Венецуела, Никарагва, Сејшелите, Сингапур, изјави за новинарите во Москва министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу.

Се водат преговори не само за отворање воени бази, туку и за олеснето влегување на бродовите во пристаништата на тие земји, полнење гориво за руската стратешка авијација во аеродромите, изјави министерот. „Ние активно летаме, а за тоа ни се потребни бази на кои авионите ќе бидат полнети со гориво“, изјави Шојгу. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња