Западни медиуми: Крим ја разгледува можноста за сојуз со Русија

Разговорите за тоа што ќе биде со Крим и бројното руско население кое живее таму стануваат мета за реализација на амбициите на Кремљ, пишува The Guardian.

Разговорите за тоа што ќе биде со Крим и бројното руско население кое живее таму стануваат мета за реализација на амбициите на Кремљ, пишува The Guardian.

Сето внимание денес е насочено кон Севастопол, историскиот дом на Црноморската флота, каде најверојатно се крие Виктор Јанукович.

Над Општината во Севастопол дури се најде и руското знаме, забележува изданието.

Протестите во Крим, со кои се негира авторитетот на новата опозициска влада, предизвикуваат сомневање дека Крим може да прогласи независност од Киев и да се стреми да се приклучи кон Руската Федерација, што може да се случи после одржување на референдум.

Иако тоа сценарио засега е малку веројатно, Севастопол го има крајното решение, и имено тој град е решавачки фактор за тоа дали Украина ќе остане унитарна држава или не. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња