Во Русија се намалува бројот на наркозависници, констатираше шефот на Федералната служба за контрола на обртот со наркотици (ФСКО), Виктор Иванов.
„Хероинот оди таму каде што се парите и младината. Сите патишта на хероинот водат во мегалополисите. Најлоша е состојбата не само во Москва и Санкт Петербург, туку и во Краснодар, Ростов на Дон, Екатеринбург, Омск, Томск и т.н.“, изјави Иванов.
Тој соопшти дека марихуана и синтетички дроги во Русија во моментов употребуваат околу 3 милиони лица, од вкупниот број од 8 милиони наркозависници. Во последните години оваа цифра е стабилна со тенденции за намалување.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче