Новата украинска власт треба да посвети повеќе внимание на Крим, бидејќи претседателот на Русија, Владимир Путин, „ќе прави нешто таму“, изјави поранешниот претседател на Грузија, Михаил Саакашвили.
„Лошата вест е во тоа што Путин таму нешто ќе прави. Добрата вест е што вие веќе знаете за тоа. Истото тоа го проба веќе кај нас во Јужна Осетија и Апхазија. Тој издава пасоши, сака да провоцира, сака да ја искористи флотата за да влијае врз локалната политика...“, додаде Саакашвили.
„Тоа се безумни планови. Тие сметаат дека ќе доминираат врз постсоветското пространство. И тој ќе им каже на Русите: добро, ја изгубив Украина, но ја зголемив територијата на Русија“, заклучи политичарот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче