Државната Дума може да го разгледа прашањето за приклучување на Крим кон Русија, доколку во Украина и понатаму продолжи влошувањето на состојбата, пренесуваат локалните медиуми.
Ваквата изјава ја даде Леонид Слуцки, шеф на комитетот во Државната Дума за односи со ЗНД.
Тој подвлече дека руската страна сака да се задржи територијалната целосност на Украина, но, сепак, подготвена е да го разгледа прашањето за статусот на Крим, доколку кримскиот парламент или жителите на полуостровот на референдум изјават дека сакаат да се приклучат кон Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче