Украина е свесена за важноста на врските со Русија и е подготвена за дијалог со нејзиното раководство, изјави Александар Турчинов, кого Радата го избра за вршител на должноста претседател на Украина.
„Свесни сме за важноста на врските со Руската Федерација и подготвени сме за дијалог со раководството на Русија со цел да се изградат односите на ново ниво, на рамноправни и добрососедски основи со земјата која го признава и уважува европскиот избор на Украина“, се кажува во изјавата на Александар Турчинов, објавена на интернет-страницата на партијата „Баркившчина“.
Воедно, тој нагласи дека оздравувањето на економијата и враќањето на курсот кон евроинтеграциите се главни задачи на властите на Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.