Москва ги повикува сите замешани во кризата во Украина да покажат одговорност и одлучно да ги спречат екстремистите, се кажува во соопштение на МНР на Русија.
„Апелираме на сите вмешани во кризата во Украина да покажат максимална одговорност и да не дозволат понатамошна деградација на ситуацијата, да се вратат во правните рамки и да се пресече активноста на екстремистите“, соопштено е од МНР.
Исто така, Москва е загрижена поради обидот на меѓународните организации, вклучувајќи ја и ООН, да го оправдаат насилното менување на власта во Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче