Слабеењето на руската рубља не е поврзано со одливот на капитал од Русија

Слабеењето на рубљата има внатрешни причини и не е поврзано со одливот на капитал од Русија, пренесува РИА „Новости.

Слабеењето на рубљата има внатрешни причини и не е поврзано со одливот на капитал од Русија, пренесува РИА „Новости.

Ова го изјави министерот за финансии на Русија, Антон Силуанов.

„Тоа што се случува кај нас од почетокот на годината е поврзано, пред сѐ, со макроекономските параметри на Русија, имено со намалувањето на темпото на економски раст и некои очекувања од нашите субјекти и во странство. Падот на рубљата не е поврзан со одливот на странски капитал“, додаде Силуанов.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња