Претседателот на Русија, Владимир Путин и германската канцеларка, Ангела Меркел, разговараа по телефон за ситуацијата во Украина, соопшти прес-службата на Кремљ во неделата.
„Се разгледуваа најновите случувања во Украина“, се наведува во соопштението. Разговорот е извршен на иницијатива на германската страна.
Портпаролот на германската влада соопшти дека канцеларката на Германија и претседателот на Русија „се сложиле Украина итно да пронајде ефикасна влада“ и „задолжително да се зачува нејзиниот територијален интегритет“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче