Руските авиони ќе бидат полесни и побезбедни благодарение на новиот помошен генератор

Во Русија се подготвува проект за целосно нов модел на авионски генератор. Проектот е инициран од холдингот „Авијациска опрема“ во рамките на државната програма за развој на цивилната авијациска техника.

Во Русија се подготвува проект за целосно нов модел на авионски генератор. Проектот е инициран од холдингот „Авијациска опрема“ во рамките на државната програма за развој на цивилната авијациска техника.

Планирано е до 2015 година да се произведе првиот помошен генератор со шема без редуктор. Новата технологија ќе овозможи тежината на генераторот да се намали за 15 до 20%.

„Ова е единствен проект не само на рускиот, туку и на светскиот пазар“, изјави генералниот директор на холдингот, Максим Кузјук. „Шемата на редукторот со директен погон ќе овозможи генераторот да биде за 30-40 кг полесен од генераторите кои денес ги користат водечките светски произведувачи, а за авијациската техника тежината има првостепено значење. Важно е и тоа дека благодарејќи на отсуството на редуктор, цената на генераторот ќе биде помала за 5%“.

Новиот генератор може да биде применет во рускиот патнички авион МС-21. Исто така, соопштено е дека генераторот ќе може да се примени и во авионите „Ил“ и „Сухој“, како и во моделите од странско производство. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.