МНР на Русија: За уставната реформа во Украина треба да се одлучи на референдум

Прашањето за враќање на уставот на Украина од 2004 година треба да се реши на референдум, смета Министерството за надворешни работи на Русија.

Прашањето за враќање на уставот на Украина од 2004 година треба да се реши на референдум, смета Министерството за надворешни работи на Русија.

„Уверени сме дека процесот за реформа на уставот, кој е од судбинско значење за Украина, треба да се одвива заедно со учеството на политичките сили и региони, а нацртот на таквата реформа треба да се изнесе на референдум“, соопштува Министерството за надворешни работи, а пренесува vz.ru.

Виктор Јанукович и лидерите на опозицијата потпишаа договор за регулирање на кризата, со кој се предвидува враќање на уставот од 2004 година и парламентарно-претседателски вид на управување со државата. Ополномоштеникот за човекови права во РФ, Владимир Лукин, кој во Киев е испратен како посредник во преговорите, одби да го потпише договорот во својство на сведок, бидејќи, според него, и понатаму не е јасно кој за што е одговорен во Украина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.