Според анкетата извршена од Левада-центар, бројот на Руси кои не ги паметат случувањата од неодамнешното минато се зголемува.
На учесниците во анкетата им беше предложено да ги изберат најважните случки од минатите години. Така, според истражувањето, една од најважните случки во 1994 година, според 50% од Русите - е завршувањето на повлекувањето од Авганистан, 34% се сетиле на првата средба меѓу Горбачов и Буш, 26% - на падот на Берлинскиот ѕид.
Во 1999 година најважна случка, според 49% од Русите, е заминување на Елцин од функцијата претседател.
Во 2004 година, според 52% од Русите, најважна случка е зафатот на училиштето во Беслан, 26% се сетиле на терористичките напади во Москва и експлозиите во патничките авиони.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче