Ловци на НАТО кои ја штитат балтичката територија полетаа на 21 февруари со цел да ги идентификуваат воените авиони кои летале вдолж летонските територијални води, соопштија на „Твитер“ Националните вооружени сили на Летонија, а пренесува РИА „Новости“.
Авионите летале над неутралните води вдолж границата на Летонија без претходно усогласне план. Обидите да се воспостави со нив радио-врска не вродиле плод. Ловците на НАТО идентификувале пет руски авиони: еден транспортен Ан-12, два Су-24 и два Су-27.
Земјите на НАТО по принцип на ротација ги праќаат своите авиони-ловци да го штитат просторот на балтичките земји. Во моментов таа должност ја вршат авионите на военото воздухопловство на САД.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче