Филмот на Џорџ Клуни „Операција: Чувари на наследството“, кој од неодамна почна да се прикажува во Русија, е навредлив за руските гледачи, изјави за „Интерфакс“ Михаил Швитој, специјален претставник на претседателот на Русија за меѓународна културна соработка.
„Во филмот 'Операција: Чувари на наследството', Русите се претставени ан апсолутно навредлив начин како мрачни малоумници кои постапуваат исклучително по принципот 'кради го украденото' и извезуваат во СССР сѐ што Германците украле во Втората светска војна по цела Европа“, изјави Швиткој.
Швиткој смета дека таквите филмови не смеат да се прикажуваат во Русија без специјално додатно објаснување. „Не повикувам на забрана на филмот, но ако младите и децата го гледаат без претходно објаснување, ќе се создаде искривена претстава за тоа кој победи во војната - ќе мислат дека Американците победиле во Втората светска војна и донеле сѐ најдобро во Европа“, нагласи специјалниот претставник на претседателот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче