Најголемиот океанариум во Русија ќе биде изграден во Санкт Петербург

Владата на Санкт Петербург ги подготви сите документи за изградба на океанариум во градот, пренесува „Интерфакс“, повикувајќи се на конференцијата за печатот организирана од комитетот за инвестиции.

Владата на Санкт Петербург ги подготви сите документи за изградба на океанариум во градот, пренесува „Интерфакс“, повикувајќи се на конференцијата за печатот организирана од комитетот за инвестиции.

Ова треба да биде најголем океанариум во Русија, расположен на 3,6 хектари површина. Предвидена е изградба на базени во кои ќе може да се плива со делфини, морски музеј и кино со сала за состаноци. Овој проект треба да биде најголем во државата од областа на океанологијата и морската биологија.

Почетокот на изградбата е планиран за мај 2014 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња