Руските власти ја одложија уплатата на новата транша финансиска помош за Украина поради наглото влошување на ситуацијата во земјата, и тоа ќе остане така сѐ додека истата не се стабилизира, изјави министерот за финансии на Русија, Антон Силуанов во интервју за „Блумберг“.
„Оваа одлука на Русија е резултат на неочекуваното и брзо заострување на ситуацијата во Украина“, изјави Силуанов, коментирајќи го соопштението на ирската берза за прекинот на издавање на двегодишните обврзници во вредност од 2 милијарди долари. Русија требаше да ги откупи еврообврзниците во рамките на веќе одобрените 15 милијарди долари финансиска помош.
„Планиравме да се договориме и да ја уплатиме следната транша средства. Меѓутоа, со сегашната ситуација се појавија голем број прашања за тоа како овие средства ќе се користат и како ќе се враќа кредитот“, изјави Силуанов. „Треба да се почека и да се види како ќе се разјасни и стабилизира ситуацијата.“
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче