Во Лавов е спречен напад врз конзулатот на Русија

Во Лавов е спречен напад од страна на радикалите врз конзулатот на Русија. Ова го пренесува „Гласот на Русија“, повикувајќи се на Михаил Аверјанов, аташе во рускиот конзулат.

Во Лавов е спречен напад од страна на радикалите врз конзулатот на Русија. Ова го пренесува „Гласот на Русија“, повикувајќи се на Михаил Аверјанов, аташе во рускиот конзулат.

Според зборовите на дипломатот, информацијата за можноста за напад од радикалите врз неколку објекти во Лавов ја добиле на 19 февруари.

„Со заеднички напори со граѓаните во градот и органите на редот и мирот успеавме да спречиме неконтролиран развој на настаните кај дипломатското претставништво на Русија“, изјави Аверјанов. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња