Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека борбената способност на руската армија и флота останува најважен фактор во националната безбедност, пренесува „Интерфакс“.
Во современите услови треба да се биде на готовс за било каков развој на случувањата, забележа Путин за време на концертот во Кремљ, посветен на Денот на заштитата на Татковината.
„Русија е демократска и мирољубива држава. Ние сме сигурни дека спорните меѓународни проблеми треба да се решаваат со политички, а не воени методи“, подвлече Путин.
„Треба да бидеме на готовс и подготвени за било каков развој на случувањата, треба да ја заштитиме Русија и нејзините граѓани, и затоа борбената готовност на нашата армија и флота остануваат најважен фактор во националната безбедност“, подвлече претседателот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче