Претседателот на парламентот на Крим: Крим може да се одвои од Украина

Претседателот на Врховната рада на Крим, Владимир Константинов, изјави дека кримскиот парламент ќе го постави прашањето за одвојување од Украина во случај да се промени легитимната власт, јавува „Лента.Ру“.

„Единствен начин е да се прогласи за неважечка одлуката на претседателството на Централниот комитет на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз за одредување на статусот на Крим. Русија го даде Крим на Украина како знак на вековното пријателство, а ние гледаме што се случува со тоа пријателство. Ако самата Украина престане да постои, тогаш престануваат да важат сите документи кои досега се потпишани и кои ја регулираат правната состојба“, изјави Константинов.

Тој нагласи дека во моментов одлуката за одвојување на Крим не е актуелна. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња