Украинските спортисти се повикани да го прекинат учеството на Олимпијадата

Украинското општествено движење „Ние сме Европејци“, ги повика украинските спортисти да го прекинат учеството на зимската Олимпијада во Сочи поради сложената ситуација во Украина, пренесува интернет-страницата „Чемпионат.com“.

Да потсетиме дека во Киев продолжуваат превирањата и судирите меѓу демонстрантите и органите на редот.

„Поради драматичните случувања во Украина и крвопроливањето на Улиците на Киев, повикуваме украинските олимпијци да ги прекинат своите натпреварувања во знак на солидарност со народот на Украина, кој жали за загинатите“, се наведува во соопштението. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.