Путин не му дава совети на Јанукович за регулирање на кризата

Ситуацијата во Украина ноќта на 19 февруари беше тема на разговор меѓу Путин и Јанукович, изјави портпаролот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков.

Ситуацијата во Украина ноќта на 19 февруари беше тема на разговор меѓу Путин и Јанукович, изјави портпаролот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков. Притоа, тој подвлече дека Москва не давала и нема намера да дава совети на раководството на Украина околу регулирањето на ситуацијата. „Позицијата на раководството на Русија и претседателот на Руската Федерација околу случувањата во Украина се состои во очекувањето на брзо регулирање на ситуацијата. На кој начин ќе биде постигнато тоа, од гледна точка на претседателот (на Русија) е исклучителна прерогратива на властите нан Украина. Претседателот на Русија никогаш не давал и не дава совети на својот украински колега за тоа што треба да се прави, како да се постапува и т.н., и нема намери да дава совети во иднија“, изјави Песков.

Во Москва сметаат дека дејствата на радикалите во Украина може да се толкуваат како обид за државен преврат, и сета одговорност за случувањата лежи врз екстремистите. „Од гледна точка на раководството на Русија, одговорноста за она што се случува во државата лежи во целост врз екстремистичките елементи, чии дејства, од наша гледна точка, треба да се толкуваат како обид за државен удар“, соопшти Песков. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.