Еден од двата брода на воената морнарица на САД, упатени во Црното море за време на зимските Олимписки игри во Сочи, се насука во лизина на едно од турските пристаништа, јавува агенцијата „Франс-прес“, повикувајќи се на претставници на командата на американската флота.
Според зборовите на соговорниците на агенцијата, до инцидентот дошло пред неколку дена во близина на пристаништето Самсун на северот на Турција, каде американскиот воен брод „Тејлор“ заминал по гориво. На бродот никој не настрадал.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче