Ловците МиГ-29М/М2, создадени и продадени според договорот со Сирија од 2007, можат да бидат продадени на друг нарачател, а како купувачи се спомнуваат Военото воздухопловство на Русија и Србија, пишува „Комерсант“, повикувајќи се на извор близок на системот за вено-техничка соработка.
Тоа, меѓутоа, воопшто не значи дека Русија нема да ги исполни обврските од договорот со Дамаск. Руските власти планираат во 2016-2017 да ги испорачаат на Сирија сите договорени ловци.
Засега испораката на руските ловци во Сирија е одложена поради меѓународните санкции кои се воведени против владата на Башар Асад, така што авионите МиГ-29М/М2 ќе му бидат испорачани на Дамаск во 2016-2017.
Уште не е донесена конечната одлика за понатамошната судбина на делумно склопените борбени авиони кои се наменети за Сирија. Една од варијантите е деловите на сириските ловци да се искористат за создавање на шест авиони МиГ-29М/М2 кои ќе бидат испорачани на военото воздухопловство на Србија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче