Американските власти се обидуваат да им диктираат на властите на Украина како и што треба да прават, соопштува МНР на Русија.
„Уште еднаш сме сведоци дека САД апелираат да не се пречи на слободниот избор на народот на Украина, додека во исто време се обидуваат да наметнат 'западен вектор' во нејзиниот развој како 'единствено исправен'', пренесува „Взглјад“.
„Од Киев конкретно се бара прекинување на било какви кривични активности против учесниците на неодамнешните нереди и итно 'создавање на повеќепартиска техничка влада'. Американската страна, притоа, однапред започна 'кастинг' за идните места во неа“.
„До што доведуваат таквите активности - тоа нам ни е јасно од неодамнешните историски примери“, соопштено е од МНР на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче