Во САД осуден пилот бара помош од Путин

Рускиот пилот Константин Јарошенко, осуден на 20 години затвор во САД поради обид за криумчарење дрога, се обрати до претседателот на Русија, Владимир Путин со молба за помош.

Рускиот пилот Константин Јарошенко, осуден на 20 години затвор во САД поради обид за криумчарење дрога, се обрати до претседателот на Русија, Владимир Путин со молба за помош.

„Ве молам да се обратите до американската страна и лично до американскиот претседател Барак Обама со молба да бидам испратен во татковината“, напиша Јарошенко.

Во писмото се наведува дека здравјето на пилотот се влошило. Според зборовите на неговиот адвокат, кај Јарошенко има опасност од срцев удар, а во затворот ја нема потребната здравствена заштита. Имено критичната состојба во која се наоѓа Јарошенко е причина за неговото обраќање до Путин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.