„Она што се случува во Киев е директен резултат на политиката на попустливост од страна на оние западни политичари и европски структури, кои од самиот почеток на кризата ги затвораат очите на агресивните дејства на радикалните сили во Украина, и со самото тоа ја овозможуваат ескалацијата и провокациите кон законски избраната власт“, се кажува во коментарот на одделот за информација и печат при МНР на Русија.
Москва ја повика украинската опозиција да се врати кон дијалогот со власта. „Повторно ја повикуваме украинската опозиција да се откаже од заканите и ултиматумите. Таа треба да започне содржински дијалог со власта со цел да се обиде да најде начин да се излезе од длабоката криза“, се кажува во документот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче