„Известија“: Русија сака да воведе забрана за посвојување во државите со дозволена детска еутаназија

Државната Дуна во Русија сака да воведе забрана за посвојување на руските деца во држави каде е дозволена детската еутаназија. Ова го пишува „Известија“.

Државната Дуна во Русија сака да воведе забрана за посвојување на руските деца во држави каде е дозволена детската еутаназија. Ова го пишува „Известија“.

Пратеникот Роман Худјаков испрати барање до министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, барајќи од него да го разгледа законот за овозможување еутаназија на деца во Белгија.

Претходно беше соопштено дека двата дома на парламентот во Белгија го одобриле законскиот проект за еутаназија на болните деца. Законот предвидува, доколку детето е болно од неизлечлива болест, доколку страда и нема начини да се излекува - да се направи еутаназија. Процедурата треба да биде дозволена од родителите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња