Руските боб возачи Александар Зубков и Алексеј Воевода поставија рекорд на олимписката патека, соопштено е на официјалната интернет-страница на ЗОИ 2014.
Русите поставија рекорд во текот на првото возење. Нивното време изнесува 56,25 секунди.
Претходниот рекорд на олимписката патека беше поставен од Швајцарците Беат Хефти и Томас Лампартер - 56,73 секунди.
Носителите на медали во оваа дисциплина ќе бидат познати во понеделник на 17 февруари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.