Првиот приватен техно парк во Русија, „Навигатор Кампус“, беше отворен вчера во Казањ од страна на претседателот на републиката, Рустам Миниханов.
„Навигатор Кампус“ е изграден од казањските бизнисмени со поддршка од пет странски фондови за ризичен капитал. Вкупниот обем на инвестиции во проектот изнесува 4 милиони долари. Технопаркот ќе се занимава со развој на нови уреди - роботика, развој на електронски потрошувачки уреди и 3D печатачи.
Условите ќе овозможат истовремено да се развијат 40 нови програми со вкупно 160 работници. Во иднина „Навигатор Кампус“ планира да ја зголеми својата површина за пет пати.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче