Полтавченко: Петербург би можел да биде домаќин на летната Олимпијада

Гувернерот на Санкт Петербург, Георги Полтавченко, не исклучува дека градот ќе се бори за домаќин на летната Олимпијада 2024.

Гувернерот на Санкт Петербург, Георги Полтавченко, не исклучува дека градот ќе се бори за домаќин на летната Олимпијада 2024. „Такви мисли постојат“, изјави гувернерот во саботата на новинарите во Сочи, одговарајќи на прашањата за перспективите за одржување на Олимпијада во Санкт Петербург.

Полтавченко нагласи дека досега во „северната престолнина“ има 6.500 спортски објекти, меѓу кои има, на пример, велосипедска патека на олимписко ниво, а фудбалскиот стадион „Зенит“ ќе биде завршен до 2016 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња