Од 27 февруари до 1 март 2014 година во Краснојарск, со помош на руската влада, ќе се одржи 11-от Краснојарски економски форум „Русија: нови извори за економски раст“. Во рамките на Форумот ќе бидат одржани презентации на проектите за развој на Сибир во сферата на енергетиката, сообраќајот и високотехнолошките стопански сектори.
Главната тема на форумот ќе биде новата стратегија за економски раст која премиерот на Русија ја одреди во програмата „Помина времето за едноставни решенија“.
Развојот на руската економија, земајќи ја предвид ситуацијата на надворешните пазари и методите за поддршка, не може веќе да остане единствен извор за стабилен економски раст во Русија. Претставниците на власта и водечките руски и странски експерти планираат на форумот да пронајдат нови извори за економски раст.
Деловната програма на форумот ќе биде реализирана во четири правци: „деловна активност и гранки на економскиот раст“, „социјална сфера: зголемување на ефикансноста“, „државна управа: дали се реформите неизбежни“ и „нови извори за економски раст: источен вектор“. Краснојарскиот економски форум е случка која се очекува со големо нетрпение и спаѓа во трите најефикасни деловни трибини кои се организираат во Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче