Протестите мотивирани од социјални причини се основна тема на разговорите меѓу заменикот министер за надворешни работи на Русија, Алексеј Мешков со официјалните претставници од Босна и Херцеговина, се кажува во соопштението, објавено на интернет-страницата на руското министерство за надворешни работи.
„Од наша страна се истакнува недопустливоста за повторување на нередите и насилството, опасноста за БиХ и за регионот која потекнува од едностраните политички цели, зголемување на меѓунационалниот притисок“, се истакнува во МНР на Русија.
„Гаранцијата за стабилност во БиХ е Дејтонскиот договор за мир“, смета Москва. Во текот на преговорите основното внимание беше посветено на состојбата и перспективниот развој на билатералните односи, клучните прашања на меѓународниот дневен ред.
Истакната е неопходноста за понатамошно интензивирање на трговско-економските и инвестициските врски, пред сѐ, приклучување на БиХ кон „Јужен тек“. Истакната е и важноста за усовршување на правната база, ширење на културните и хуманитарните врски.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче