„Русија достави во Советот за безбедност свој контра-нацрт за резолуцијата за Сирија“, јави вчера постојаното претставништво на Русија во таа светска организација.
Во вторникот во Советот за безбедност беше доставен сличен документ, создаден од Австралија, Јордан и Луксембург.
Шефот на руската надворешна политика, Сергеј Лавров, за тој документ изјави дека „нема врска со реалноста“, а постојаниот претставник на Русија во ООН, Виталиј Чуркин, додаде дека тој само ги саботира хуманитарните напори во Сирија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.