Раководството на Молдавија поради некоја причина, несфатлива од меѓународно-правната гледна точка, не дава согласност за отворање генерален конзулат на Русија во Тираспол, пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на заменикот министер за надворешни работи на Русија, Григориј Карасин.
Решавањето на прашањето за отворање на генерален конзулат на Русија во Тираспол, каде живеат 180.000 руски државјани, за нас е останува приоритет, изјави дипломатот.
Според неговите зборови, „руската страна со години упорно ја става на маса темата за контактите со Кишинев на сите нивоа. За жал, нашите партнери засега не даваат согласност. Во такви услови Министерството за надворешни работи на Русија ги насочи своите напори кон зголемување на квалитетот на конзуларните услови за руските државјани кои живеат на левиот брег на Днестар.“
Истовремено, претседателот на Молдавија, Николај Тимофти, изјави дека конзулатот на Русија не може да биде отворен во Приднестровје доколку не се повлечат руските единици од левата страна на Днестар и додека не се регулира приднестровскиот конфликт.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче