ФМС предлага руско државјанство за 10 милиони рубљи

Федералната служба за миграција (ФМС) и Министерството за економски развој подготвија амандмани за законот за државјанство, според кои се нуди можност за доделување руско државјанство на лица кои ќе инвестираат во руската економија 10 милиони рубљи (околу 210.000 евра), пишува рускиот весник „Комерсант“.

Според предложениот документ, за руски пасош ќе можат да претендираат и претприемачите и деловните луѓе, под услов во Русија да работат најмалку три години со годишен профит од минимум 10 милиони рубљи.

Руско државјанство ќе можат да добијат и инвеститори кои поседуваат минимум 10% во основачкиот капитал на некое руско правно лице, под услов вкупниот основачки капитал на тоа правно лице да изнесува најмалку 100 милиони рубљи. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња