Репрезентативецот од САД во боб скијање, Далас Робинсон, изјави дека организаторите на Олимписките игри во Сочи направиле прекрасна работа во поглед на припремата и одржувањето на игрите. Овој Американец ова го напиша во писмо до локалните медиуми.
Според неговото мислење, безбедносните мерки на Олимпијадата не се претерани.
„Чуварите, полицајците и војниците се многу дисциплинирани и организирани. Се чувствува целосно безбедно во Олимпиското село, на спортските објекти, па дури и кога шетам по градот. Русите со кои се дружам се неверојатно среќни, возбудени, подготвени да помогнат и многу се љубезни.“
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче