Во американскиот град Колорадо Спрингс започна првата конференција за планирањето на антитерористичките американско-канадско-руски вежби „Буден орел 2014“.
Претставниците на воените команди од земјите учеснички разгледаа сценарио за одржување на компјутерски командни вежби, договорија маршрута за виртуелните летови на авијацијата и авионите „киднапирани“ од терористи. Исто така, се разгледани се и прашањата за организацијата на каналите за комуникација и за информативно обезбедување на меѓународните вежби.
Прв пат како набљудувачи на конференцијата присуствуваат претставници од Јапонија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.