Обама ја обвини Русија за рамнодушност кон жителите на Сирија

Претседателот на САД, Барака Обама, ги обвини руските власти за рамнодушност кон граѓаните на Сирија и создавање на препреки за усвојување на резолуција на ООН за укинување на опсадата на градот Хомс во Сирија, пренесува „Лента.Ру“.

Претседателот на САД, Барака Обама, ги обвини руските власти за рамнодушност кон граѓаните на Сирија и создавање на препреки за усвојување на резолуција на ООН за укинување на опсадата на градот Хомс во Сирија, пренесува „Лента.Ру“.

Како што изјави Обама, Русија го блокира усвојувањето на резолуцијата на ООН, која би овозможила укинување на опсадата не само на Хомс, туку и на многу други сириски градови. Според зборовите на американскиот претседател, Русија нема да право да изјавува дека е загрижена за судбината на сириските граѓани, додека „самата ги тера да гладуваат“.

Според мислењето на американскиот претседател, со блокирање на резолуцијата на ООН, Русија заедно со Дамаск носи одговорност за тешката состојба на цивилите во Сирија, додека останатите земји учеснички на женевските преговори, според зборовите на Обама, се едногласни околу прашањето за Сирија.

Освен тоа, Обама изјави дека Русија е одговорна за исполнување на условите на договорот за уништување на хемиското оружје од страна на Сирија. Претседателот исто така укажа на фактот дека досега од Сирија испловиле само неколку бродови со хемиско оружје. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња