Американските медиуми укажуваат на „трезноста“ на Зимските олимписки игри во Сочи. Списанието "Wall Street Journal" наведува дека во Русија, позната по извозот на нафта и вотка, се одржуваат Олимписки игри со најмалку алкохол досега.
Американското списание го објаснува ригорозниот однос кон алкохолот како „жечба на Кремљ граѓаните на Русија да ги одвикне од традиционалната љубов кон алкохолните пијалаци.“
Организаторите на Олимпијадата во Сочи се трудат да ги спречат ситуациите како оние во Ванкувер, кога уште на 9-от ден од одржувањето на Олимпијадата беше скратено работното време на продавниците во кои може да се купи алкохол.
Списанието потсетува дека во Русија е на сила забраната за продажба на алкохол на стадионите, со дополнителна забрана за продавање на алкохол на оддалеченост од најмалку 50 метри до спортските објекти.
„Трезноста“ на Олимпијадата ги изненади некои од странските гости, особено посетителите на оние спортски натпреварувања на кои навивачите често консумираат алкохол.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче