Канадски тренер му помогна на руски скијач достоинствено да ја заврши трката

Тренер од скијачката репрезентација на Канада, Џастин Водсворт, буквално го спаси рускиот спортист Антон Гафаров, кој ја скрши скијата во полуфиналната трка во дисциплината спринт во слободен стил.

Тренер од скијачката репрезентација на Канада, Џастин Водсворт, буквално го спаси рускиот спортист Антон Гафаров, кој ја скрши скијата во полуфиналната трка во дисциплината спринт во слободен стил.

За време на натпреварувањето спортистот падна на тешка кривина и ја скрши скијата. Водсворт притрча кон рускиот спортист на крајот на спустот, му ја соблекол скршената скија и му помогнал да стави нова.

На крај Гафаров ја заврши трката последен со аплауз. Тој и публиката аплаудираа.

Кога канадскиот тренер го прашаа зошто му помогнал на соперникот, одговори дека сакал рускиот скијач достоинствено да ја заврши трката. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња