Ставот на Брисел околу растерувањето на протестите во Украина, од една страна, и во Босна и Херцеговина, од друга страна, покажува дека европските дипломатите водат политика на двојни стандарди, изјави Михаил Маргелов, претседател на комитетот за меѓународни прашања во Советот на Федерацијата.
Според неговите зборови, „нередите во Босна и Херцегодина се растеруваат со жестоки мерки на полицијата, а против демонстрантите се применуваат звучни и светлосни гранати, гумени куршуми и водени топови.“
„Меѓутоа, како што се гледа од изјавата на функционер на ЕУ, Брисел целосно ја поддржува власта кога е во прашање Тузла, додека во случајот со Киев - обратно“, изјави Маргелов, нагласувајќи дека на тој начин постојат двојни стандарди во ЕУ.
„Според логиката на европската дипломатија, масовните нереди треба брутално да се растеруваат во земјите кои сакаат да пристапат кон ЕУ, бидејќи според европските мерки, власта во тие земји е добра, ма каква и да е“, истакна Маргелов.
Воедно, тој нагласи дека „не треба да се гушат нередите во Украина, чија власт се откажа од асоцијацијата со ЕУ, бидејќи во таа земја властите се криви за сѐ, а демонстрантите се во право.“
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче