„МиГ“ ќе го удвои производство на авиони

Руската корпорација „МиГ“ планира до 2017 година да го удвои производството на авиони, пренесува „Интерфакс“, повикувајќи се на изјавата на заменикот директор на „МиГ“, Сергеј Мамаев.

Руската корпорација „МиГ“ планира до 2017 година да го удвои производството на авиони, пренесува „Интерфакс“, повикувајќи се на изјавата на заменикот директор на „МиГ“, Сергеј Мамаев.

„Денес ние произведуваме околу 16 авиони годишно, но наша задача е да произведуваме 30 авиони во 2017. Толку претпоставуваме дека ќе се прошири пазарот за три години“, изјави Мамаев.

Профитот на „МиГ“ во 2013 година изнесуваше 30 милијарди рубљи, а со планот за зголемување на производството, до 2017 година тој треба да изнесува 42 милијарди рубљи. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња