Путин е подготвен за средба со претседателот на Грузија

Владимир Путин нема ништо против средбата со својот грузиски колега Георги Маргвелашвили, пренесува „Интерфакс“.

Владимир Путин нема ништо против средбата со својот грузиски колега Георги Маргвелашвили, пренесува „Интерфакс“.

„Ако тој посака, зошто да не“, изјави Путин, одговарајќи на прашање на еден грузиски новинар во Сочи, за време на средбата со претставниците од општествениот совет за подготовка и одржување на Олимпијадата.

Освен тоа, Путин изјави дека се радува на доаѓањето на спортистите од Грузија, и изјави дека редовните авионски линии ќе се задржат меѓу двете земји и после завршувањето на Олимпијадата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња