ЕУ ќе склучува договори со лоби-агенциите за ширење пропаганда во државите на „Источно партнерство“, јавува европскиот интернет-билтен Euro Observer, повикувајќи се на интерен документ од Советот на ЕУ.
Документот содржи обвинување на Русија, која наводно „шири дезинформации“, наведува Euro Observer.
Според сознанијата на интернет-билтените, ова прашање беше покренато вчера на седницата на Советот на ЕУ на ниво на министри за надворешни работи во Брисел.
Денес шефовите на дипломатиите на ЕУ ќе го разгледаат прашањето за организација на „непрекината низа посети“ од високи официјални лица на земјите на „Источно партнерство“, особено од Молдавија и Грузија, кои се подготвуваат годинава да го потпишат Договорот за асоцијација и слободна трговија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче