Во дијалогот за противракетната одбрана меѓу Русија и НАТО нема никакви придвижувања, изјави постојаниот претставник на Русија во НАТО, Александар Грушко.
„Очигледно е дека преговарачкиот ресурс меѓу Русија и НАТО е исцрпен“, изјави Грушко.
„Можеме да се движиме во круг, да организираме советувања, но ако не се реши прашањето за цврстите гаранции дека системот кој го создаваат САД и НАТО не е насочен против руските стратешки сили, било какви чекори понатаму се невозможни“, нагласи Грушко.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.