Во Санкт Петербург се работи на три нови носачи на авиони за Воената морнарица на РФ

Невското конструкторско биро во Санкт Петербург започна со создавање на проект за три класи носачи на авиони за руската Воена морнарица.

Невското конструкторско биро во Санкт Петербург започна со создавање на проект за три класи носачи на авиони за руската Воена морнарица.

Ова на меѓународната изложба за копнено и воено-морско вооружување Defexpo 2014 го соопшти генералниот директор на ПКБ, Сергеј Власов.

Невското ПКБ создава проект за лесен, среден и тежок носач на авиони. Овие проекти ќе овозможат за кратко време да се прејде на проектирање на носачи на авиони од одреден тип. Според зборовите на Власов, новиот носач на авиони би можел да биде опремен со електромагнетен катапулт. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.